Thinkbook

thinkbook mobile workstation

Solutions brought to you by Lenovo and Intel®

 

Дали сте подготвени за
трансформација на
работното место?

Милениумците и генерацијата Z сочинуваат 59% од денешната
работна сила, што ќе порасне на 75% до 2025 година!1


Вашиот највреден капитал—вашите вработени—се менуваат брзо!
Работната сила од новата генерација е технолошки поткована, амбициозна и сака да направи повеќе, побрзо.

Дајте им попаметна технологија со перформанси наменети за бизнис и попаметни функции—и ќе’гледате како ви расте бизнисот.

DOWNLOAD FORRESTER REPORT

Големи барања и високи очекувања—Анкета на милениумците на Deloitte

 

Дали сте подготвени да дознаете повеќе за трансформацијата на работното место во вашата организација?   ЗАКАЖЕТЕ СОСТАНОК

thinkbook business laptop helping people collaborate

Само 17% од работодавачите го слушаат
гласот на вработените кога
даваат предлози за купување уреди
Forrester Research

Компаниите не може повеќе да си дозволат да го занемаруваат искуството на вработените. Водечките компании сè повеќе ја прифаќаат врската меѓу корисничкото искуство и искуството на вработените.

77% од анкетираните компании сметаат дека подобрувањето на искуството на вработените е клучен приоритет. Исклучителното искуство на вработените води кон подобро работно искуство, помала замена на вработените и подобрено корисничко искуство.

Соработувавме со Forrester Research за да спроведеме длабинска анкета на одговорните лица и вработените во малите и средните претпријатија.

DOWNLOAD FORRESTER REPORT

DOWNLOAD INFOGRAPHIC

На модерната работна сила ѝ треба технологија што ги задоволува нејзините очекувања

Компаниите кои инвестираат во искуството на вработените се
4 пати попрофитабилни
во однос на оние кои не инвестираат.2

Компаниите кои испорачуваат одлично искуство на вработените може да очекуваат зголемен ангажман, продуктивност и конечно повисоки добивки. За работната сила од новата генерација, технологијата е голем соработник. Тоа што ќе ги наоружате со нешто што не е врвна технологија едноставно нема’ да помогне кога станува збор за ангажирање, развој и задржување на врвните таленти.

ПРЕЗЕМЕТЕ

Manpower Group: Millennial Careers—2020 Vision

thinkbook b3 business laptop by lenovo

 

Тие имаат потреба од попаметен уред
што поттикнува перформанси и стил

Моќта и преносливоста се само почеток. Lenovo ThinkBook ја олеснува работата — нема потреба да се бира меѓу стилот и функциите што ги сака новата генерација и перформансите што ѝ требаат.

Lenovo ThinkBook е преполн со функции што го забрзуваат и олеснуваат насочувањето кон вашиот бизнис. Подигнете и најавете се со едноставен допир. Користете кратенки за одговарање или прекинување на врската при повикување преку Skype. Слушајте музика додека вашиот систем е во режим на подготвеност и продолжете со користење за помалку од 0,5 секунди. Користете дури и Cortana со препознавање глас за едноставно да му кажете на вашиот уред да се разбуди.

Истражете како ThinkBook помага да се инспирира и оспособи модерната работна сила.

Решенија за соработка што ги прават
состаноците беспрекорни, продуктивни и забавни

Вашата работна сила од новата генерација е поттикната да работи попаметно. Lenovo остварува со решенија за конференции што ја претвораат секоја соба во сала за состаноци и со паметни центри и решенија за AR/VR кои им нудат единствени решенија на работниците на далечина за зголемување на продуктивноста на работната сила.

Доколку постои’ попаметен начин за вршење на работите, вашите вработени од новата генерација го сакаат тој начин.

thinkbook business laptop being used in a remote meeting

Заштитете ги идентитетите и податоцитево канцеларијата и во движење

Со редефинирање на работното место и на начинот на кој се вршат работите, безбедноста е критичен фактор. Секој ден носи нови кибернетички закани, особено за бизнисите со ограничени ИТ-ресурси или со голем број вработени во движење.  И имајте го предвид ова...

48%
на кршења на правилата за безбедност кај малите бизниси се предизвикани од наивна човечка грешка.3

Решенијата на Lenovo ThinkShield Smarter Security даваат сеопфатна заштита што го обезбедува вашиот бизнис без забавување на вашите луѓе. Затоа не треба да ги ограничувате своите луѓе—само дајте им попаметни уреди и додатоци со паметните решенија и услуги на Lenovo.

3 Kaspersky: "Практичен водич за ИТ-безбедност на мали бизниси"

Направете повеќе со додатоците
кои ги прошируваат можностите на уредот

Вистинскиот екосистем на додатоци е мултипликатор на силата за вашите вработени од новата генерација . На пример, мониторите со голем екран може да ја подобрат продуктивноста за 40 проценти.

Од ултра-лесен монитор ThinkVision P44w-10 до камера-звучник Lenovo VoIP 360 за видеоконференции во движење, семејството на паметни додатоци Lenovo’ ѝ помага на вашата работна сила да заврши повеќе работа—каде и да ја носи работата.

thinkbook business laptop with dual external monitors

Тие имаат потреба од побрза поддршка без неприлики што ги спречува прекините на продуктивноста

42% од малите и средните претпријатија веруваат дека нивниот внатрешен ИТ-тим не е опремен и обучен за справување со сите проблеми на уредите.4 Сеопфатната поддршка од доверлив партнер е критична за решавање хардверски и софтверски проблеми, враќање вредни податоци и забрзување на поправката и замената на уредите. 

Еве’ како помага Lenovo:

b9 icon 1

Врвна поддршка: 
Подобрете ја ИТ-ефикасноста преку посветена телефонска поддршка, што овозможува директен пристап до техничари од напредно ниво и поправки следниот работен ден.

b9 icon 2

Продолжена гаранција: 
Заштитете ја вашата инвестиција во технологија на Lenovo со продолжување на гаранцијата до вкупно пет години, зависно од уредот, моделот и земјата на купување.

b9 icon 3

Заштита од ненамерно оштетување:    
Бидете спокојни со покриеност за штети/замена за вообичаени случувања како паѓање, истурање или електричен спој.

Студија на мали и средни претпријатија на Lenovo направена од Forrester Research - јули 2019 година

thinkbook b9

Приближно една третина од вработените ширум светот веруваат дека не се во продуктивна работна средина

Планирањето на совршеното работно место, погодно за вработените на различни работни места, не е лесно. 74% од вработените веруваат дека обезбедувањето продуктивна работна средина е критично за искуството на вработените.5

Искуството на вработените со секојдневната технологија влијае на продуктивноста и на севкупното искуство на вработените. На вашата работна сила од новата генерација ѝ требаат прилагодливи приватни работни места опремени со попаметни уреди и додатоци што ги задоволуваат нејзините уникатни потреби.

Студија на мали и средни претпријатија на Lenovo направена од Forrester Research -- јули 2019 година

Зајакнете ја вашата работна сила со технолошки способности

Технологијата им овозможува на вработените да направат повеќе со помалку и може многу да го подобри квалитетот на нивната работа. Таа, исто така, им овозможува да се насочат кон постратешки задачи наместо кон здодевни, повторливи задачи.

Уредите кои немаат функции или функционалност за поддршка на работните барања, во комбинација со чести дефекти, доведоа до тоа приближно 50% од вработените да го заменат нивниот основен работен уред. Како резултат на тоа, 67% од бизнисите бараат алатки—не кои било алатки, туку вистински алатки—за поддршка на работните барања на вработените.6

ПРЕЗЕМЕТЕ

Студија на мали и средни претпријатија на Lenovo направена од Forrester Research – јули 2019 година

people collaborating around a thinkbook business laptop with external monitor

Новата работна сила има единствен
однос со технологијата

Луѓето не само што ја користат технологијата денес,–туку тие имаат развиено и однос со неа.  Таа стана составен дел од целокупното работно искуство. Вработените сакаат да ја користат технологијата на работа и го препознаваат нејзиниот потенцијал за подобрување на нивната работа и вештини.

Но, технологијата на работното место не се бира секогаш имајќи го корисникот на ум, оставајќи ги вработените да бидат врзани за алатките за кои тие мислат дека го спречуваат нивниот напредок или, полошо, го троши нивното време. Моментално, само 17% од бизнисите го слушаат гласот на вработените кога даваат предлози за купување уреди.7

ПРЕЗЕМЕТЕ

Студија на мали и средни претпријатија на Lenovo направена од Forrester Research – јули 2019 година 

Планирајте ја трансформацијата на вашето работно место

Жнеењето на наградите од трансформацијата на работното место бара попаметни технологии кои ја оспособуваат вашата работна сила да работи со целосен потенцијал. Но, каде почнувате со трансформацијата на вашето работно место? Како одредувате кои попаметни технологии најдобро им одговараат на потребите на вашата организација?

Водичот за купувачи на трансформацијата на работното место на Lenovo може да помогне. Употребете ја практичната алатка за самоевалуација за да одредите каде сте во однос на трансформацијата и во однос на попаметните технологии кои може да им помогнат на вашите вработени да го достигнат максималниот потенцијал на нивните работни места.

ПРЕЗЕМЕТЕ

working remotely using a lenovo thinkbook business laptop

Дали сте подготвени да дознаете повеќе за трансформацијата на работното место во вашата организација?   ЗАКАЖЕТЕ СОСТАНОК